Познатата манекенка Клаудија Шифер и филмскиот продуцент и режисер Метју Вон станаа горди родители на нивното трето дете.
Славниот пар објави дека вчера се родила нивната втора ќерка, но сè уште не го соопштуваат нејзиното име. Во соопштението за јавноста се вели:
„Клаудија Шифер и Метју Вон се горди да го објават раѓањето на нивната ќерка, која беше родена рано попладне на 14 мај. Мајката и бебето се добро.“
Клаудија и Вон стапија во брак во 2002г. и освен новото бебенце се родители и на 7-годишниот Каспар и 5-годишната Клементајн.
Породувањето на Клаудија е само неколку дена откако се појави гола на корицата на списанието Вог во истата поза како што Деми Мур позираше бремена за Vanity Fair.