Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Природни волуменозни фризури од Сали Брукс

ФОТО: Природни волуменозни фризури од Сали Брукс

Сведоци сме на тоа дека трендовите, како и производите за нега и стилизирање на косата се менуваат со текот на годините. Сепак главниот тренд е коса која изгледа поприродно и поедноставно. Едноставните фризури имаат една клучна предност, а тоа е дека се убави и на допир.

Следниве трендови, предложени од интернационалниот стилист на Nivea, Сали Брукс, се доказ дека убавата, волуменозна фризура не мора да биде комплицирана. Погледнете како косата може да изгледа убаво без многу напор.

Едноставно софистицирано

Фризури од Сали Брукс

„Не постои ништо повпечатливо од едноставноста. Со преклопувањето на косата во класичен облик се постигнува безвременски изглед кој зрачи со волумен.“

Бујни мока бранови

Фризури од Сали Брукс

„Зачинетите мока тонови ѝ даваат индивидуалност на бојата, додека големите бранови во косата го рефлектираат светлото, па така косата повикува на допир. Овој изглед делува природно и наговестува на движење – локните ќе отскокнуваат при секој чекор. Неприродно крутата коса е аут – ова е природна убавина.“

Ангелски локни

Фризури од Сали Брукс

„Мекиот ореол од локни го заоблува лицето и покажува дека и кратката коса може да биде навистина женствена. Косата е пуштена и повикува да поминете со прсти низ неа. Нежната, природна текстура на фризурата ве инспирира да експериментирате со својот стил.“

Безобразен волумен

Фризури од Сали Брукс

„Оваа кратка слоевита боб фризура делува меко и привлечно и одговара со различни стилови. Модерниот волумен се носи во ширина и не подразбира волумен на темето. Косата е, како и кај другите трендови: модерна, природна и убава на допир.“

Опуштено и убаво

Фризури од Сали Брукс

„Овој изглед лесно се постигнува и многу е лежерен – повремените ситни бранови се задолжителни сезонава. Овој стил лесно може да трае и неколку денови, без потреба од повторно миење на косата и е совршен за секојдневен изглед. Нежните природни карамела Creme brullee тонови даваат свечено винтиџ чувство. Немојте да користите премногу производи во креирањето на овој стил.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20822 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.