Со приближувањето на новогодишните и божиќните прослави, се засилува копнежот на секоја дама да изгледа гламурозно на забавите и да измами што повеќе комплименти за својот изглед.
За да не ги разочара клиентките кои му го доверуваат својот изглед, шведскиот бренд H&M и оваа година создаде празнична колекција со впечатливи модни парчиња.
Ѕвезда во рекламната кампања е моделот Фрида Густавсон.