Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Последната колекција на Ема Вотсон за People Tree

ФОТО: Последната колекција на Ема Вотсон за People Tree

Ема Вотсон порасна пред очите на јавноста, како малата Хермиона од филмовите „Хари Потер“. Денес таа не само што е меѓу најплатените актерки, туку е меѓу најпознатите филмски ѕвезди кои успешно влегле во светот на модата.

20-годишната волшебничка ја промовираше својата трета, но и последна колекција за брендот People Tree.

Таа не само што им ги позајми своите дизајнерски способности на People Tree, туку повторно застана пред камерата и учествуваше во рекламната кампања за новата колекција.

Модели од колекцијата на Ема Вотсон за People Tree
Модели од колекцијата на Ема Вотсон за People Tree Модели од колекцијата на Ема Вотсон за People Tree

„Дизајнерскиот процес продолжи со тоа што јас го пробав секое парче облека од колекцијата за да се уверам дека е како што јас сакам да биде, а потоа го посетив Бангладеш за да видам како се прави облеката и ги запознав луѓето кои ја прават. Тоа беше неверојатно искуство кое ми го промени животот. Навистина посакувам сите да имаат шанса да видат со свои очи колку е значаен проектот Fair Trade“ – изјавила таа.

Модели од колекцијата на Ема Вотсон за People Tree
Модели од колекцијата на Ема Вотсон за People Tree Модели од колекцијата на Ема Вотсон за People Tree

People Tree е член на WFTO (World Fair Trade Organisation). Fair Trade е начин на водење бизнис чија цел не е постигнување на профит на секоја цена. Тој се фокусира главно на извоз од неразвиените во развиените земји. Овој начин на трговија има за цел да им се платат повисоки плати на производителите и да им се помогне да се здобијат со нови знаење и да развијат нови способности за да си го подобрат животот.

Модели од колекцијата на Ема Вотсон за People Tree Модели од колекцијата на Ема Вотсон за People Tree

Ема Вотсон беше и заштитно лице на марката Burberry, моментално е рекламно лице на Lancôme, а оствари и соработка со италијанската креаторка Алберта Ферети.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.