Полусестрата на Кејт Мос е лицето од новата кампања на „Botkier“. 18-годишната Лоти во пастелни креации позираше на познати локации низ Њујорк за американскиот бренд за модни додатоци.
„Бев голем фан на Botkier уште од основањето на брендот, па кога ме контактираа за да учествувам во нивната пролетна кампања, јас воопшто не ни размислував дали да прифатам“ – рекла таа.
За фотографиите од кампањата пролет 2016 заслужен е Марк Јантоска.
Шарлот Лоти Мос за првпат го привлече вниманието на модната индустрија на свадбата на нејзината сестра во 2011 година.
Таа во своето модно портфолио има повеќе ангажмани, меѓу кои кампања за Келвин Клајн и едиторијал за „Вог“