Оливија Палермо е ѕвезда во новата кампања на „Coast“. 30-годишната модна икона на денешницата ја претстави новата колекција на познатиот британски бренд и позираше во креации избрани по нејзин вкус.
„Coast дефинитивно носи нешто уникатно во модата. Тие веруваат дека дотерувањето е забавно и јас со тоа можам да се поврзам. Соработката со нив за колекцијата есен/зима беше навистина пријатно искуство“ – изјавила Палермо. „Кога ја селектирав колекцијата, ние се согласивме дека е важно секоја жена да се чувствува самоуверено и убаво“ – додала таа.
Ѕирнете и како се снимаше фотосесијата: