Џенифер Лопез продолжува да ги покажува своите дизајнерски способности преку новата колекција за брендот Kohl’s.
Пролетната колекција на 44-годишната актерка и пејачка вклучува секојдневна облека која се карактеризира со едноставност. Отсуството на впечатливи декорации овозможува креациите лесно да се вклопат во сечиј стил.
Покрај облека, Лопез дизајнираше и елегантна постелнина.