Ели Сааб се инспирираше од грчката митологија при креирањето на новата невестинска колекција „An Echo of Polyhymnia“.
Славниот либански дизајнер тргна во потрага по хармонична убавина и успеа да создаде модни дела кои ја величат женственоста на невестите.
Различните силуети се извајани со деликатни материјали и префинети детали. Извезените ловорови лисја како победнички олимписки круни ги обвиваат фустаните во кои секоја дама би се чувствувала како кралица.