Никол Шерцингер ја продолжи соработката со „Missguided“. 36-годишната пејачка ја лансира својата втора колекција во партнерство со британската онлајн продавница.
Сексапилната колекција на музичката ѕвезда го рефлектира нејзиниот стил на облекување, а ротира околу сиромашна палета од црна, црвена и бела боја.
„Никол е инспирацијата за колекцијата. Таа е моќна, храбра и силна жена и сакаше тоа да им биде пренесено на клиентките“ – изјавил дизајнерот кој работел со Никол.
Креациите се припиени и максимално ја оцртуваат женската силуета, а дефинитивно ќе го задржат погледот на припадничките на понежниот пол кои се гордеат со својата фигура и не се плашат да изгледаат заводливо.