Најпопуларниот модел со облини создаде колекција долна облека за невести и сними рекламна кампања за истата. При креирањето на колекцијата „Dreamer“, Ешли Грем целеше да им овозможи на жените да се чувствуваат секси на нивниот свадбен ден.
„Dreamer“ е деветта колекција на 28-годишниот модел во соработка со брендот „Addition Elle“. „Не постои момент во животот на една жена кога таа се чувствува посекси одошто на сопствениот свадбен ден“ – вели Рослин Грајнер од познатиот канадски бренд.
Фотосесијата за кампањата е снимена на јахта, а е инспирирана од луксузен меден месец.