Утре ќе се одржи МЕТ балот, манифестација која слободно може да се нарече најголемата модна парадa, на која присутните се обидуваат да се истакнат со впечатливи дизајнерски креации.
Оваа година, темата на галата е „Rei Kawakubo/Comme des Garçons: Art of the In-Between“, а ќе ги слави делата на јапонската дизајнерка Реј Кавакубо.
Свеченоста традиционално се одржува во музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк.
Додека да видеме како ќе изгледаат славните личности на овогодишниот црвен тепих, да се потсетиме на највпечатливите креации од изминатите години.