Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Модниот маратон на Кендал на пистите низ светот

ФОТО: Модниот маратон на Кендал на пистите низ светот

Светот ја запозна Кендал Џенер преку шоуто „Keeping up with the Kardashians“, но деновиве 18-годишната девојка неуморно прави големи чекори во модната индустрија, докажувајќи дека сака сопствена кариера која не е поврзана со името Кардашијан.

Ако Кара Делавин и Карли Клос креваа врева во изминативе модни сезони, сега на нивно место застана Кендал. Младата манекенка смело дефилираше на повеќето од атрактивните ревии и медиумите будно го следеа секое нејзино појавување на пистите.

Шанел, Долче и Габана, Живанши, Емилио Пучи, Томи Хилфигер и Марк Џејкобс се само дел од модните куќи кои ја регрутираа Кендал во своите редови.

Обидувајќи се да покаже дека не сака да добива ангажмани поради славата на своето семејство, Кендал за бизнис цели го отфрли своето презиме. „Не сакав моето презиме да ми помага на каков било начин. Кога и да одев на кастинг, не барав специјален третман“ – изјавила таа.

Многу дизајнери имаат само позитивни коментари за Кендал и предвидуваат дека ѝ претстои блескава кариера. „Сметам дека е силна и моќна девојка со привлечен изглед. Таа е вистинска професионалка. Ми се допаѓа тоа што нејзината картичка вели само Кендал. Таа не тргува со своето име и мислам дека ќе има одлична кариера“ – рекол Мајкл Корс.

Последните гласини се дека ќе ја видиме Кендал на шоуто на Victoria’s Secret во Лондон.

Погледнете фотографии од модниот маратон на Кендал на пистите во Њујорк, Лондон, Милано и Париз.

Dolce & Gabbana

Кендал Кендал

Diane von Furstenberg

Кендал

Emilio Pucci

Кендал Кендал

Tommy Hilfiger

Кендал Кендал

Chanel

Кендал Кендал

Sonia Rykiel

Кендал Кендал

Givenchy

Кендал Кендал

Balmain

Кендал Кендал

Marc Jacobs

Кендал

Donna Karan

Кендал

Bottega Veneta

Кендал

Ports 1961

Кендал

Fendi

Кендал

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.