Кара Делавин и Кејт Мос имаат многу заедничко и честопати се споредувани. Па, воопшто не е изненадување што двата препознатливи модели со бунтовнички дух беа избрани од Mango за кампањата со слоган „Something in Common“.
Славните манекенки ја претставија колекцијата есен/зима 2015 во која доминира боемскиот шарм на 70-тите години.
Мос двапати претходно има соработувано со Mango. „Одлично е да се работи повторно со Mango, бидејќи е свеж и модерен бренд. Инез и Винуд на совршен начин ја уловија енергијата на фотосесијата. Со Кара секогаш се забавуваме заедно, а тоа може навистина да се види во оваа кампања“ – коментираше 41-годишната Мос, кога пред неколку месеци ја обнови соработката со шпанскиот бренд.
И Кара не штедеше убави зборови за новиот проект и за здружувањето со Кејт. „Ние сме убиствена комбинација. И лично и професионално ѝ се восхитувам, таа е вистинска модна икона. Привилегија е да учам и да го споделувам ова искуство со неа“ – призна Делавин.
Кејт и Кара споделија и кои според нив се „must-have“ парчиња од колекцијата.