Во рамките на модната недела во Милано се одржа и хуманитарна гала на amfAR (Американската фондација за истражување на сидата).
Бројни ѕвезди од шоу-бизнисот присуствуваа на добротворната манифестација со цел да се соберат финансиски средства за потпомагање на борбата против сидата.
Наоми Кембел, Хајди Клум и Алесандра Амбросио мамеа погледи во атрактивни креации.
Хајди Клум зачекори на црниот тепих во провиден фустан од колекцијата висока мода есен/зима 2015 на Версаче.
Алесандра Амбросио избра впечатлив краток фустан од колекцијата пролет/лето 2016 на DSquared2.
Наоми Кембел носеше црн фустан со чипка од есенската колекција на Maison Margiela. Црната креација таа ја искомбинира со накит од Bulgari.
На свеченоста присуствуваа и Изабели Фонтана, Сиара, Дакота Џонсон, Наташа Поли, Кијара Ферањи, Мишел Родригез и Пикси Лот.