Вчера за првпат се одржа свечено доделување на наградите на списанието „InStyle“. Церемонијата привлече многу ѕвезди од шоу-бизнисот во Гети Центарот во Лос Анџелес.
Во стилскиот избор на славните гостинки доминираше белата боја.
Миранда Кер избра креација од Ulyana Sergeenko, Ким Кардашијан го истакна трудничкиот стомак во бел фустан од Valentino, Алесандра Амбросио се појави во припиен фустан од високата мода на Alexandre Vauthier, Кејт Хадсон зачекори на црвениот тепих во цветен фустан дизајниран од Giles Deacon, а Гвинет Палтроу носеше црн фустан до блескави детали од Schiaparelli.
Блогерката Кијара Ферањи, Селена Гомез и Дакота Џонсон избраа креации од Louis Vuitton.
Наградата Модна икона на годината отиде во рацете на Гвинет Палтроу.