Миранда Кер заведува од насловната страница на „Harper’s Bazaar“ Австралија. За едиторијалот „Power Of One“, поранешниот ангел на Victoria’s Secret позираше во креации од колекцијата пролет/лето 2015 на Луј Витон.
Фотографиите од мартовското издание на списанието ги потпишува Каи Зи Фенг, а за модниот избор била задолжена стилистката Наоми Смит.
Во интервју за модното списание, Миранда објаснила зошто не сака да започне нова љубовна врска. „Да појаснам, јас сум сингл. Бидејќи секогаш бев девојката со момче, сега се обидувам да пронајдам комфор во себе. Многу е лесно да чекаме други луѓе да нè расположуваат и да ни ја подигнуваат самодовербата. Но, на крајот на краиштата, многу е важно да се чувствуваш пријатно сам со себе и да не треба да се потпираш на некој друг“ – изјавила 31-годишната Австралијка.
Погледнете и видео од снимањето на едиторијалот.