Доналд и Меланија Трамп присуствуваа на настан на кој им оддадоа почит на починатите ветерани во Корејската војна, на 70-годишнината од почетокот на крвавиот конфликт.
За оваа пригода, 50-годишната прва дама на САД избра кошула-фустан со точкест принт од Росета Гети. Својот моден избор Меланија го надополни со бели салонки од Маноло Бланик.