Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Марџ Симпсон во некои од најпознатите модни креации

ФОТО: Марџ Симпсон во некои од најпознатите модни креации

Александро Паломбо ја облече Марџ Симпсон во некои од најпрепознатливите креации во изминативе 100 години.

На илустрациите, славната домаќинка од хит-серијата „Симпсонови“ можеме да ја видиме во белиот фустан на Мерилин Монро од филмот „The Seven Year Itch“, во црниот фустан на Одри Хепберн од „Breakfast at Tiffany's“, во твид костум типичен за стилот на Коко Шанел...

Марџ СимпсонЦрниот фустан од Живанши, кој Одри Хепберн го носеше во „Breakfast at Tiffany's“. Марџ СимпсонПлисираниот фустан со А-линија, длабоко деколте и врзување околу вратот (креација на Вилијам Травила) го носеше Мерилин Монро во „The Seven Year Itch“. Марџ СимпсонКостум од твид во стилот на незаборавната Коко Шанел. Марџ СимпсонКадифениот фустан од Виктор Еделстејн, кој принцезата Дијана го носеше на гала вечера во Белата куќа во 1985 година, кога танцуваше со Џон Траволта. Марџ СимпсонРозовиот костум кој Џеки Кенеди го носеше денот кога беше убиен нејзиниот сопруг Џон Кенеди. Марџ СимпсонСиниот фустан кој војвотката Кетрин го носеше кога беше објавена нејзината свршувачка со принцот Вилијам. Марџ СимпсонФустанот „лебед“ кој Бјорк го носеше на Оскарите во 2001 година. Марџ СимпсонКреацијата од Валентино која Џулија Робертс ја носеше кога доби Оскар за најдобра актерка во 2000 година. Марџ СимпсонРозовиот фустан од Ралф Лорен кој Гвинет Палтроу го носеше кога доби Оскар во 1998 година. Марџ СимпсонКреацијата на Жан Пол Готје со „конусен“ градник која ја популаризира Мадона. Марџ СимпсонФустанот со безопасни од Версаче кој го носеше Елизабет Харли.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20824 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.