Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Маникир за секој хороскопски знак

ФОТО: Маникир за секој хороскопски знак

Креативното трио, составено од астрологот Сузан Милер, кралицата на лаковите Дебора Липман и талентираната Мис Поп, стои зад уникатни маникири кои ги рефлектираат карактерот и преференциите на секој знак од зодијакот. Погледнете ги нивните идеи:

Овен

Како претставници на знакот управуван од огнената планета Марс, овните ја обожаваат црвената боја, па најдобро се чувствуваат кога таа преовладува во нивниот маникир. Смелата црна боја може да послужи за да се потенцира нивниот борбен дух, а белата за да се истакне оптимистичкиот карактер кој го поседуваат родените во овој знак. Графичките линии на интересен начин можат да ја потенцираат силата и бестрашноста на овенот.

Овен Овен

Бик

Биковите ја сметаат зелената боја за свој заштитен знак, но тие никогаш не се задоволуваат со едноставност. Додавањето на црни детали ја покажува нивната сила. Како и за сè друго во животот, биковите го сакаат само најдоброто.

Бик Бик

Близнаци

Жолтата, бојата на интелигенцијата, совршено одговара на рацете на остроумните близнаци. Тоа е воедно и нивната омилена боја, заедно со небесно сината. Овие светли бои го потенцираат веселиот дух на родените во овој знак.

Близнаци Близнаци

Рак

Раковите ги обожаваат боите кои можат да се најдат на школките (сива, бела и сина), па маникирот кој ги спојува деликатните морски нијанси е совршениот украс за нивните нокти. Поради нивната емотивна и романтична природа, на раковите најмногу им одговараат нежните дезени со заоблени линии.

Рак Рак

Лав

Лавовите го обожаваат луксузот и кралските бои како црвена, жолта, златна и виолетова. Кралски маникир со црна и златна боја би ги задоволил пребирливите лавови. Тие неретко сакаат ноктите да ги украсат и со минијатурни бисери и кристали.

Лав Лав

Девица

Родените во овој знак повеќе од кој било друг го сакаат чистиот изглед на ноктите и се задоволуваат само со перфектен маникир. Во него треба да биде вклучена барем една од нивните омилени бои – зелена, тегет или чоколадно кафеава. Францускиот маникир е одличен начин за да се задоволат преференциите на девиците за среден, но скромен изглед, а играњето со боите во него е одлична варијанта за да се додаде модерен шмек.

Девица Девица

Вага

Вагите се деца на Венера, па нивниот маникир мора да биде нежен и деликатен. Тие на ноктите обожаваат бебешка сина, пастелна розова, кремова, сончево жолта... Сребрените детали можат да се искористат за да му придадат минималистички шарм на маникирот.

Вага Вага

Шкорпија

Шкорпијата е најсексапилниот знак во хороскопот, но само зад затворени врати. Надвор од спалната таа привлекува со среден, деловен изглед. Црната боја ја одразува мистериозноста на шкорпиите, па најчесто таа преовладува на нивните нокти. Со вметнувањето на белата боја се постигнува побалансиран изглед.

Шкорпија Шкорпија

Стрелец

Иако омилената боја на стрелците е сината, сепак црвената одлично ја рефлектира желбата и страста за авантури на родените во овој знак, а златната го одразува нивниот стремеж за уживање во животот. Карираните шари совршено им одговараат на стрелците.

Стрелец Стрелец

Јарец

Кафеавата и сите нејзини нијанси ги привлекуваат јарците. Но, неутралните нијанси како карамел, кремова, златна и бакарна на прекрасен начин ја одразуваат нивната елеганција. Поигрувањето со симетријата докажува дека неутралното не мора секогаш да биде здодевно.

Јарец Јарец

Водолија

Водолиите ги обожаваат сината и тиркизната боја, но неонските нијанси се совршен начин да се потенцира нивната уникатност. Како верни следбеници на модата, никогаш не забораваат да ги сместат најновите трендови на своите прсти. Белата боја го покажува оптимистичкиот карактер на водолиите.

Водолија Водолија

Риби

Рибите се обожаватели на сината боја и јасно е зошто, па таа мора да биде дел од нивниот маникир. Исто така, рибите ги обожаваат светките, но само кога се употребени умерено, бидејќи тие никогаш не се претенциозни.

Риби Риби

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.