Лејтон Мистер е заштитно лице на скандинавската онлајн продавница Nelly. Ѕвездата од серијата „Gossip Girl“ била поканета да учествува во кампања по повод десетгодишното постоење на модниот бренд.
На фотографиите кои биле направени на луксузен имот во Холивуд Хилс, Мистер носи забавни креации наменети за топлите денови.
27-годишната актерка изјавила дека за неа најголеми стилски икони се Кетрин Денев и Брижит Бардо. „Ги обожавам Кетрин Денев и Брижит Бардо. Тие се неповторливи жени, се чувствуваат удобно во својата кожа, секси се, но сепак софистицирани“ – изјавила таа.
Лејтон во изминатиов период привлекува медиумско внимание поради тајната свадба со Адам Броди.