Не верувате во љубов на прв поглед? Кристијан Лобутин е решен да ве убеди дека љубовта може да се роди за секунда.
Францускиот дизајнер, кој мајсторски ја имплементира црвената боја во секое свое модно дело, претстави чевли, сандали и чантички со љубовни мотиви кои инстантно се вгнездуваат во женските срца.
Танцувајќи помеѓу црната, белата, црвената, бежовата и розовата боја и поигрувајќи си со PVC срца, талентираниот креатор им даде специјален шарм на новите модели токму пред празникот Св. Валентин.
Гвен Стефани е меѓу припадничките на понежниот пол кои не успеаја да им одолеат на чевлите од линијата „Cora“.