Кристина Пименова во првата деценија од животот го освои светот и ги постави темелите на блескава кариера во модната индустрија.
Малото девојче со ангелско лице има над 2 милиони обожаватели на Facebook и над 300.000 следбеници на Instagram, а секоја фотографија на социјалните мрежи привлекува илјадници лајкови и коментари.
Модните ангажмани на Кристина постојано се множат. Досега 8-годишната Русинка има соработувано со светски брендови како Roberto Cavalli, D&G, Armani, Fendi, Ermanno Scervino, Benetton и Dsquared 2.
Најновата фотосесија на Кристина е за кампањата пролет/лето 2015 на детскиот бренд Minifix.
Кристина, која е родена во Москва стана модел уште на 3-годишна возраст, а се занимава и со гимнастика и актерство.
Деновиве Кристина добива огромно внимание од страна на многу светски медиуми.