Кристина Пименова неретко е нарекувана „најубавото девојче на светот“, а сè почесто е ангажирана од познати модни брендови како Roberto Cavalli, D&G, Armani, Fendi, Ermanno Scervino, Benetton и Dsquared 2. Уште кога првите фотографии од девојчето се појавија на интернет, многумина предвидоа дека му претстои успешна кариера во светот на модата.
Сега 10-годишната Русинка направи голем чекор со тоа што потпиша договор со агенција за модели. Имено, Пименова ќе ја продолжи својата кариера во САД, откако започна соработка со LA Models.
Кристина има милиони обожаватели на социјалните мрежи, каде што нејзината мајка редовно споделува фотографии.
Иако најчесто на нејзина адреса се упатуваат само позитивни коментари, сепак не се малку и коментарите со критики.
Некои ја прекоруваат мајката заради тоа што ја форсира кариерата на младата Кристина, додека други сметаат дека дел од фотографиите се провокативни.