Кендис Сванапул беше трансформирана во Мерилин Монро за новата кампања на Max Factor. 26-годишната Јужноафриканка зрачи со холивудски гламур на официјалната промотивна фотографија и фотографиите од зад сцената.
На почетокот на годината беше најавено дека Мерилин Монро ќе биде бренд амбасадор на Max Factor.
„Мерилин направи заводливите црвени усни, кремастата кожа и драматично оцртаните очи да се најпознат бјути изглед на 40-тите години, а тоа е изглед кој продолжува да доминира“ – изјави Пет МекГрат од Max Factor.
Привлечниот ангел на Victoria’s Secret три години соработува со козметичкиот бренд.