Карли Клос сними колоритен едиторијал за „Glamour“. Популарната манекенка е ѕвездата од септемвриското издание на модното списание.
23-годишниот модел позираше во креации од брендови како Версаче, Балман, Кристофер Кејн, Нина Ричи и Сен Лоран. На насловната страница, Клос носи фустан од модната куќа Гучи.
Фотографиите ги направил Том Мунро.
Во интервјуто за списанието, Клос зборувала за одлуката да продолжи со своите студии и покрај многуте ангажмани. „Не сакав да чекам до триесеттата година за да продолжам да учам и да се предизвикувам себеси на различни начини. Имам 23 години и сум во многу активна фаза од мојата кариера, но се надевам дека тоа е само почетокот. Сакам да направам сè“ – изјавила таа.