Ешли Грем брзо се истакна во модната индустрија и континуирано нижи договори со познати брендови. Најпознатиот модел со облини ја создаде својата десетта колекција долна облека за канадскиот бренд „Addition Elle“.
28-годишната Американка позираше во метро станица пред објективот на фотографот Шејн Лаведиер за кампањата за сезоната есен 2016.
„Мојата десетта колекција за Addition Elle ми е една од омилените. Ја осмисливме темелно и ја дизајниравме за нашите клиентки да можат да ја вклучат долната облека во своите аутфити, а не само да ја носат под облеката“ – објаснува Ешли.