Ешли Грем гордо ги покажува своите облини. Најпознатиот plus-size модел заводливо позираше за фотосесија за канадското издание на „Elle“ и зборуваше за несигурностите и за своето минато.
Познати брендови како Vivienne Westwood, Calvin Clein, Jimmy Choo, H&M и Addition Elle ѝ позајмија свои креации на 28-годишната Канаѓанка за едиторијалот сниман под палката на фотографот Макс Абадијан.
Во интервјуто за списанието, Грем признала дека не била отсекогаш толку самоуверена и горда на својот изглед. „Кога растев, мајка ми секогаш ми велеше дека сум паметна, иако во училиште ми викаа дека сум глупава поради тоа што имам дислексија. Јас бев голема девојка која тренираше спорт и се хранеше добро и мајка ми ми велеше „Ти си фит и здрава“. Јас бев многу несигурна во себе во тоа време, но ми помагаше да ги слушнам нејзините зборови. Тогаш се преселив во Њујорк (за да станам модел) и ја покачив тежината бидејќи не вежбав и не се хранев правилно. Имав агенти кои ми велеа дека морам да ослабам и тогаш се запрашав: Зошто им дозволувам на луѓето да ја диктираат мојата иднина? Започнав да си ги кажувам нештата кои ми ги велеше мајка ми „Ти си смела, ти си брилијантна, ти си убава“ – и си ја повратив самодовербата. Се ослободив од негативните луѓе во мојот живот, почнав да одам во фитнес сала и го запознав мојот сопруг, со кого сум во брак шест години“ – изјавил славниот модел.