„Кралицата на срцата“ се судира со стилот на 80-тите години и модна инспирација од викторијанската ера во новата колекција на Ели Сааб.
За меѓусезонската колекција pre-fall 2017, славниот креатор си поигра со нагласени раменици и кожени детали карактеристични за 80-тите години, но и чипка, набори и романтични панделки и цветови типични за викторијанскиот период. Палетата е мошне „сиромашна“, односно креациите се или во црна или во нежна сина или во смарагдно зелена боја. Низ колекцијата се провлекува една впечатлива форма – срце.
Либанскиот дизајнер веќе неколку сезони скршнува од својата препознатлива формула за творење и сè подоследно ги инкорпорира актуелните модните тенденции во своите креации.