„Aire Barcelona“ се придржува до успешната формула која обединува гламур, елеганција и префинетост и без исклучок создава колекции кои се хит кај софистицираните припаднички на понежниот пол.
Нежни материјали, деликатни мониста комбинирани во комплексни низи, прекрасни нијанси кои го заведуваат окото и класични силуети стојат во основата на колекцијата коктел фустани 2016.
Популарниот бренд, познат по спектакуларните венчаници, веќе ја освои Шпанија со над 40 бутици, но забрзано се проширува и во најголемите светски метрополи.