Новата колекција на брендот Дороти Перкинс е деликатна, нежна, слатка и женствена. Таа е фантастичен пример како треба да ги комбинираме трендовите во текот на сончевите денови што нè очекуваат.
Женствени силуети инспирирани од стилот во 50-тите и 70-тите години и неодоливи слатки бои, свежина и романтичност... колекцијата има сè што би посакала една современа девојка.
Се чудевте како да ги комбинирате силните бои кои се во тренд оваа сезона? Сфатете ја оваа колекција како одлична лекција.