Долче и Габана го „грабна“ вниманието на дамите со нови модни предлози. Врвната италијанска модна куќа во својата колекција за сезоната есен/зима 2016 нуди креации за најразлични пригоди.
Од елегантни вечерни тоалети, до кежуал креации со разиграни принтови, новата колекција на Доменико Долче и Стефано Габана несомнено ќе ја видиме на голем број холивудски свечености.
Моника Белучи, Сара Џесика Паркер, Џесика Алба и Софија Вергара се само дел од славните дами кои ги обожаваат модните парчиња со италијански шмек на талентираното дизајнерско дуо.