Соработката на Дејвид Бекам и „H&M“ сè повеќе и повеќе се продлабочува. 40-годишниот спортист повторно влезе во улога на модел и ги претстави новите модни парчиња од својата колекција за познатиот шведски бренд.
Реномираниот фотограф Марио Соренти го фотографираше згодниот Англичанец кој позираше во креациите за сезоната пролет/лето 2016.
„Секогаш одлично си поминувам за време на снимањето на кампањи за „H&M“. Тие навистина го разбираат мојот стил и смислата за хумор“ – вели Дејвид.