Модната куќа Paolo Sebastian со новата колекција висока мода цели да ги исполни мечтите на заколнатите романтичарки.
Нежни материјали и тулови, деликатни рачно извезени детали и софистицирана елеганција доминираат во колекцијата „Gilded Wings“, која се состои од вкупно четиринаесет креации.
Колекцијата есен/зима 2016 е инспирирана од ранливите крилја на шумска самовила која се заљубува во млад маж загубен во шумата.
„Со секоја колекција се обидуваме да создадеме нешто ново кое ќе биде уште подобро од претходното. Сакам моите дизајни да ја доловат имагинацијата и да им дозволат на луѓето да сонуваат“ – вели дизајнерот Пол Василеф, кој е основач на австралискиот бренд.