Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Ванеса Паради е заштитно лице на новата етичка колекција на „H&M“

ФОТО: Ванеса Паради е заштитно лице на новата етичка колекција на „H&M“

Ванеса Паради е заштитно лице на колекцијата „H&M Conscious“. Денес беа објавени првите фотографии од рекламната кампања, за која 40-годишната Французинка позираше во новата етичка колекција на познатиот шведски бренд.

Ванеса Паради

Славната актерка и пејачка, која до неодамна беше во врска со Џони Деп, во наредните месеци ќе ја застапува цветната пролетна колекција на „H&M“, создадена со почит кон луѓето и еколошката средина.

Ванеса Паради Ванеса Паради

Дел од парчињата облека се во романтичен стил, но се среќаваат и спортски модели. Целата колекција е произведена од материјали како органски памук и рециклиран полиестер, со цел помало загадување на животната средина.

Колекција H&M Conscious Колекција H&M Conscious Колекција H&M Conscious Колекција H&M Conscious Колекција H&M Conscious Колекција H&M Conscious Колекција H&M Conscious Колекција H&M Conscious Колекција H&M Conscious

Погледнете видео од снимањето на кампањата:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20821 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.