Андреја Пејиќ доби улога во новата рекламна кампања на козметичкиот бренд „Make Up For Ever“. 23-годишната Србинка е првата транссексуална личност која има добиено толку значајна кампања за убавина.
За кампањата, покрај Пејиќ, беше ангажирана и актерката Џејми Чанг.
Во краткото видео објавено од „Make Up For Ever“, фокусот е поставен на лицата на Пејиќ и Чанг и различните мејкап изгледи создадени со производите на познатиот бренд.
„Склучувањето на договор со козметичка компанија е од огромно значење за секој модел – тоа е еден вид на Оскар во модната индустрија. Ова е бренд кој се совпаѓа со тоа што се потрудив да прикажам во мојата кариера: Пораката отсекогаш била да го прифатиш тоа што си, да живееш искрен живот и да можеш да се изразиш себеси. Во ред е да бидеш различен“ – вели Пејиќ за People.
Пејиќ минатата година си направи операција за промена на полот и си го промени името, додавајќи една буква, за да добие женски идентитет.