Алесандра Амбросио е меѓу ангелите со најдолг стаж во Victoria’s Secret и очигледно е зошто.
35-годишната Бразилка, која е мајка на две деца, го покажа својот сексапил на гала организирана од музејот „Хамер“ во Лос Анџелес. Облечена во бел костум комбиниран со раскопчана кошула од брендот Bottega Veneta, Амбросио заводливо позираше пред фоторепортерите.
Пред неколку дена Алесандра беше уловена од папараците на прошетка со синчето Ноа во Санта Моника.
Еден ден подоцна, славната манекенка беше фотографирана додека се забавуваше со своите деца на плац со тикви, посветен на Халовин.