Алесандра Амбросио ги објави фотографиите од кампањата за новата колекција од линијата „ále by Alessandra“.
На фотографиите направени на Ибица, познатиот ангел на Victoria’s Secret носи бикини и лесна облека за на плажа за сезоната лето 2016.
„Најмногу се забавувам кога сум во костим за капење. Израснав во костими за капење во Бразил. Тие ти даваат чувство на слобода“ – рекла таа, коментирајќи го нејзиниот интерес кон дизајнирање на костими за капење.
Фотографиите ги потпишува Џером Дуран.