Шпанскиот бренд XTI ја замени Ирина Шајк со Алесандра Амбросио. 35-годишниот модел и шпанскиот актер Хесус Кастро се ѕвездите од новата кампања на компанијата за обувки и модни додатоци.
Славното дуо позираше во модерни креации, ставајќи го фокусот на обувките од колекцијата есен/зима 2016.
Рекламните фотографии се дело на Хуан Алдабалдетреку.