Алесандра Амбросио е дел од Париската недела на високата мода. 35-годишната манекенка изгледаше магично додека дефилираше на пистата на ревијата на Ралф и Русо во зашеметувачки невестински фустан со волуменозна наметка со пердуви.
По завршувањето на модното шоу, згодниот модел се упати на забава организирана од британскиот бренд. Убавата Бразилка беше фотографирана низ улиците во француската престолнина во бел стајлинг од Ралф и Русо.