Адријана Лима е микс од фламенко танчарка и кукла во забавниот едиторијал за списанието „Love“.
За откачената фотосесија, 33-годишната Бразилка позираше во креации од брендови како Ралф Лорен, Александар МекКвин, Оскар де ла Рента, Хуго Бос, Ермес, Луј Витон и Марк Џејкобс.
Креативното дуо Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин е заслужно за фотографиите.
Покрај Лима, во новото издание на списанието, ѕвезди се и Кендал Џенер, Кристи Тарлингтон и Ејми Адамс.