Адријана Лима го продолжи својот „Вог“ маратон. Откако во изминативе месеци ги красеше страниците на бразилското, шпанското и јапонското издание на „Вог“ и беше дел од бразилски едиторијал за најновиот број на американскиот „Вог“, Лима освојува и од италијанскиот „Вог“.
32-годишната манекенка застана пред објективот на Стивен Мејзел во откачени спортски комбинации.
„Вог“ објави и интересно видео од снимањето на едиторијалот „Ridiculously Gorgeous“.
Лима позираше покрај Ракел Цимерман, Алесандра Амбросио и Изабели Фонтана за едиторијалот „Team Brazil“ за американскиот „Вог“.