Адријана Лима е модерна божица на плажа во новиот едиторијал на „Вог“ Шпанија. Привлечниот ангел со продорен поглед полн со емоции заведува од корицата на списанието.
Фотосесијата била снимена на плажа во Канкун, Мексико, додека зад објективот стоел Мигел Ревериего.
Модната уредничка Белен Антолин била задолжена за стајлингот кој вклучува креации од модни куќи како Шанел, Живанши, Прабал Гурунг, Стела Мекартни, Гучи, Роберто Кавали и Изабел Маран.