Стилски преплет од гламур, луксуз и елеганција стои во центарот на новата модна кампања на Џејсон Ву со Адријана Лима.
Бразилската убавица била фотографирана во креации од колекцијата есен/зима 2014 во хотелот „Four Seasons“.
На прашањето зошто ја избрал Лима за новите промотивни фотографии, почитуваниот дизајнер одговорил: „На крајот на денот, рекламната кампања е насочена кон жената и сексапилот, а јас продолжувам да избирам жени кои ме инспирираат.“
На една од фотографиите, кои се дело на Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин, Лима стои покрај релаксираниот Ву.