На покана на компанијата за луксузен накит Шопард, Марија Долорес Авеиро се вброи меѓу гостите на 71-вото издание на Канскот филмски фестивал.
63-годишната мајка на Кристијано Роналдо зачекори на црвениот тепих во елегантна црна тоалета.
На Instagram, Авеиро сподели фотографија од својот стајлинг за манифестацијата на Азурниот брег.
Авеиро потоа отпатува во Париз за да ја промовира својата нова книга „Mere Courage“.
Марија Долорес постојано споделува фотографии со Роналдо и неговите деца.