Мила Кунис има добар повод за славење. Популарната сопруга на Ештон Кучер денес ќе го прослави својот 32. роденден.
Холивудската ѕвезда е родена во Украина, а на 15-годишна возраст се прослави со серијата „That '70s Show“, во која глумеше со својот сегашен сопруг. Славниот пар ја доби ќеркичката Вајат Изабел во октомври минатата година.
По повод роденденот на Кунис, навратете се на некои од нејзините најдобри елегантни изданија низ годините.