Мајкл Корс ја ангажираше Кендал Џенер за да ја презентира неговата најнова колекција за сезоната пролет/лето 2022 година.
За рекламната кампања, 26-годишната манекенка позираше на покрив од зграда во Менхетн пред фотоапаратот на Инез ван Ламсверде и Винудх Матадин. Фотографиите му оддаваат почит на градот Њујорк, каде е роден славниот дизајнер.
„Кога ќе се запрашам што е она што трае, тоа е љубовта – романтичната љубов, но и љубовта кон пријателите, семејството и твојот град. Со оваа кампања, сакаме да ја оживееме урбаната романса и уникатниот микс од силата и издржливоста на Њујорк со љубовта која тој ја инспирира постојано“ – стои во изјавата на Корс.