Стефани Хил поседува виртуелен стилски дневник којшто нуди инспирација за секоја урбана дама која милува да спојува женственост и современ шик.
„The Style Bungalow“ е блогот на Хил, која е поранешна балерина и страсна вљубеничка во модата.
За својот стил, таа вели: „Поради тоа што сум латино, го обожавам романтичниот дух на моето шпанско потекло, суптропските нијанси на Јужна Флорида и смели, женствени парчиња кои се класични и безвременски.“
Разгледајте ги нејзините модни комбинации кои се особено идеални за претстојните летни авантури:





































































































