Париз, Њујорк, Лондон и Милано во изминатиот месец беа рај за модните ентузијасти. Новите модни приказни на стотици брендови беа раскажани на пистите во четирите градови, а беа детално анализирани од посетителите кои си обезбедија свое место на ревиите.
Оливија Палермо, Камила Коељо, Хелена Бордон и Кијара Ферањи беа меѓу дамите кои оставија силен впечаток со своите стајлинзи.
Погледнете како изгледаа гостинките чие присуство беше овековечено од фотографите за време на модниот месец: