Новата колекција на Geox за сезоната есен/зима 2015 ја спојува најнапредната технологија на брендот со последните трендови на современиот стил. Основните вредности на дишење на стапалата, терморегулацијата и удобноста се ажурирани со гламурозни, шик детали и различни форми.
Патентираниот систем AMPHIBIOX, ја обележува „чевлата која дише“ и истата има неколку основни и безвременски карактеристики во оваа нова колекција. Создадени од кожа или од антилоп, кои ги прават воедно флексибилни, лесни и водоотпорни, со дебел гумен ѓон и топли вештачки облоги, може да се најдат во лежерните „кежуал“ чевли и во специјализираните чизми за снег.
Мокасините и обувките на врзување во самата колекција се модернизирани со вклучувањето на двобојни лакирани чевли, декорирани и инспирирани од безвременските „брог“ шари. Балетанки, чизми до глужд и патики во примамливи животински принтови доаѓаат во природни кафени нијанси или црно-бели бои.
Кожни принтови со кокосов дезен ефект, ја пренесуваат понапред оваа игрива тема, додека пак на ретро патиките за трчање им е дадена поостра надградба со твид, меки волнени влошки и светкави конци.
Урбаниот „светкав ефект“ го има во неколку варијации на кожа, заедно со сјајниот иридисцентен ефект и бисери со метални облоги. Функционалноста, естетиката и иновацијата се среќаваат, поткрепени со позицијата на Geox како глобален тренд лидер.
Храбар пресврт во светот на лежерноста почнува со „бајкер“ чизми со нерамни ѓонови заедно со чизмите до глужд со патент, „омекнати“ со заоблена предна страна, дебели потпетици и метални детали. Класичната елеганција на штиклите и чизмите се урбанизирани со еластични странични инсерти со асиметрични парчиња креирајќи уникатни шари на глуждот.
Последно, Geox влече инспирација од светот на естетиката и перформансите со новата линија на патики и чевли на врзување: шарени графички дизајни и принт од змиска кожа се среќаваат со техничките материјали вклучувајќи најлон, мрежа и тантела. Овие комбинации се совршени за надворешни активности и сами по себе искажуваат урбан став, исполнувајќи ги барањата за авантури, како и за шик космпотолитски живот во градот.