Девојка ги „претвора“ креациите од високата мода и од црвениот тепих во елегантни обувки кои секоја жена ќе посака да ги носи.
Маријана Томас прави илустрирани верзии на салонки, сандали и чизми инспирирани од фустани кои ѝ оставиле впечаток. Талентираната модна илустраторка и дизајнерка на чевли ги објавува своите илустрации на Instagram профилот theshoesmuse.
Погледнете дел од обувките инспирирани од модните дела на Зухаир Мурад, Ели Сааб, Балман, Долче и Габана...